Новости

Женски муабети

Ако не си помогнете сами, никој нема да ви помогне!

Секој од нас се има најдено во одредена тешка ситуација, која навидум изгледа безизлезна и нерешлива. Но, дали е навистина така? Во потрага по решение на одрдениот проблем, обично бараме совети од пријатели, роднини, најблиски особи кои сметаме дека ќе ни помогнат. И навистина сите се трудат најсрдечно и хумано да влезат во наша кожа и да пробаат да ја решат загатакта се со цел да ни помогнат нас. Но, дали е навистина така?

Не велиме дека тие сакаат да ни наштетат, но дали навистина ќе ни пмогнат или тие едноставно кажуваат како тие би изиграле во таа приказна. Но, дали и вие би го направиле истото? Размислете. Можеби нивниот потег е само нивни, брендиран, уникатен. Не е ваш. Затоа, застанете, размислете, смирено за момент излезете од цела таа конфузност и паника во главата и дел по дел започнете да решавате. И најтешката равенка се решава, само треба да се размисли!

Советуваме, доколку се најдете во ваква ситуација, не барајте помош. Никој нема волшебно стапче за да ги решава вашите проблеми зад вас. Вие сте тие кои треба да си помогнете и да си простите, а откако ќе го направите тоа, заблагодрете му се на универзумот што ви помогнал и ве напавил уште похрабри. Сами, умеете најповеќе, верувајте!

GOLD
To Top