Новости

Женски муабети

Бидете искрени со себе си, зашто ако лажете, не ги лажите другите, туку себеси!

,,Не ми е криво што ме лажеш, туку ми е криво пто мислиш дека ти верувам!” Сигурно ја имате слушнато оваа фраза, но дали некогаш ова прашање си го имате поставено вие? Сите сме се нашле во ситуација каде мора да излажеме.

Не тврдете оти вие не, никогаш не сте лажеле, зашто се лажите сами! Да навистина постојат етички лаги, но ако преминеме преку нив, стигаат оние другите лаги кои на почетокот остваруваат тешкотија низ душата, но подоцна стануваат навика доколку навистина верувате во нив. Па така ако би го ротирале прашањето и би си го поставиле кон себе си, би поверувале ли во она што го кажувате? Бидете искрени пред себе си и престанете да верувате во своите лаги. Зар не ви е криво што другите мислат оти им верувате?! А им верувате ли навистина?! За крај, простете си себе си што и да сте направиле некогаш, малку или многу, сите знаме да погрешиме, но престанете да не бидете искрени кон вашето ,,Јас”! Тоа заслужува повеќе! Чист плакар, чисти мисли! ,,Чист” ум, ,,чист” живот!

GOLD
To Top