Новости

Женски муабети

Бидете практична и употребувајте ,,мултитаскин” тактика

Живееме во брзо време. Обврските не ни налагаат да го имаме баш она време кое нашите родители го имале. Светот се менува, а ние мораме да бидеме во тек со промените. Затоа е потребна организација. Во тој поглед, користете мултитаскин тактика.

Понекогашнемаме време онака ,,на раат” да го испиеме утринското кафе, но ни треба за енергично и расонето да го започнеме денот. Епа додека го пиете, спремајте се.

Односите со пријателките се повеќе ги оддалечувате бидејќи вам ви е потребно време за да се подготвите. Верувајте, некогаш ќе ви биде криво затоа што не сте биле брзи и саатите поминати пред огледало заменуваат еден цел живот, а тоа подразбира дружба и споделување на љубов со блиските.

Секогаш не мора да изгледате совршено. Апро по, не велиме да не си обрнувате внимание на себе си, но тоа правете го во вашите слободни денови. Обично, домаќинките ги употребуваат слободните денови за да ги завршат насобраните обврски во домот. Но, токму тоа е погрешно. Слободниот ден е слободен и тогаш ништо не треба да ви биде важно. Затоа што токму тогаш акумулирате енергија за наредна недела каде ќе го извршите токму тој мултитаскин и ќе си овозможите да престигнете се.

Сепак во тоа ,,се” дајте им предност на приоритетите. Кои се вашите приоритети? Што заслужува да престигнете, а што не?

Едноставната ,,make up” ве прави елегантна и природна, а не ве карактеризира како девојка која нема време за себе. Во тој поглед, бидете практични, едноставни и секако брзи.

Сепак, успорете го вашето темпо за оние помалку релевантни нешта во вашиот живот и уживајте да ги зграпчите моментите што навистина ги сакате!

GOLD
To Top