Новости

Женски муабети

Бојата на карминот може да раскаже многу за вас!

Одите на прв состанок и секако дека сакате да изгедате што поубаво. Веќе го одбравте најубавото парче облека, искомбиниравте вешто со асесоарот, но на ред е шминката.

Сте знаеле ли дека со бојата на карминот испраќате извесни сигнали. Како тоа им делува на мажите?

Црвената боја

Цвената боја на карминот за усни значи дека сте страсна жена. Полна со енергија и заводлива. Но, внимавајте. Исто може да значи и малку несерионзост, бидејќи Тој може да си помисли дека сакате да го заведите или можеби искористите само за една вечер. Црвена бја на усни на првиот состанок? Хм, можеби е подобро да размислите подобро.

Бордо усни

Бордото е дефинитивно најголемиот тренд особено во есенските денови. Но, што кога оваа боја се става на усните? Што би знчело тоа?

Сигналот кој го упатувате со бордо обоени усни е дека вие сте една смела и храбра особа која е спремна на секаков ризик. Преполна со самодоверба и строга. Силна, но дури и и малку од повеќе доминантна.

Боја на кожа

Бојата на кожата или пудра бојата е една нежна нијанса помеѓу розова и кафеава. Со осветлувањето на овие тонови се доаѓа токму до оваа нијанса која успешно ќе заведува, но исто така од своја страна и ќе раскажува за една скромна девојка која не сака премногу да се фали, експонира и доминира.

Розова

Бледо розовата е деветствена боја, но онаа интензивната пинк, особено над вашите усни, може да изгледа и малку етино, со што не би ве разбрале толку сериозно како што вие ќе сакате и очекувате. Обидете со побледа нијанса доколку е невозможно да се избегне овој кармин бидејќи страшно многу одговара на вашиот аутфит, а ние го разбираме тоа!

Светло портокалова боја

Оваа боја е обично боја на летото, а тоа се знае што носи. Ентузијазам, авантура и страст. Со овој кармин вие ќе покажете дека сте отворена и весела личност секогаш спремна за забава.

Усни без кармин

Доколку одлучите да се појавите без кармин на вашиот состанок, тогаш оставате впечаток на искрена и отворена личност, заинтересирана за сериозна врска.

GOLD
To Top