Новости

Женски муабети

Ве привлекуват ли „злобните“ мажи?

Ве привлекуваат ли секогаш оние т.н.„злобни“ мажи? Се прашувате зошто сте секогаш лепак за такви лошковци кои само сакаат да ве искористат и потоа едноставно да ве заборават и фрлат некаде во некое нивно незначително минато?!

Свесни сте за овој факт и се повеќе сакате да го промените овој стил на живот. Зошто секогаш вас ве прогонуваат и како и каде ве наоѓаат? Најпрво, мора да знаете дека одоговорот е токму во вас. Вие имате проблем со клучот на срцето кој секогаш во непознато или било кое друштво, особено на ваквите мажи, се остава и крие во џебот, а не како што тоа вие искрено и чесно го правите.

Прво и најважно правило за ваквата категорија на мажи е никако да не оставате впечаток на отворена книга. Напротив, бидете мистериозна или едноставно ако не сакате сета оваа драма да продолжи до уште една несреќна врска завршена после олтар во брак со неверство од негова страна и многу пропратни солзи од ваша страна, едноставно бидете незаприметлива и молчете. Затоа што всушност и докажано е дека ваквиот тип на мажи ги привлекуваат оние мистериозните таинствени девојки. Сепак ако мислите дека можете да ја играте таа улога на таква мистеризона страсна и злобна девојка, играјте ја, но ако сте свесни за себе си дека сте слаба штом станува збор за појавувањето на емоциите, застанете навреме односно не ни започнувајте да играте. Сепак, според странично искуство, и најхрабрите девојки, паѓаат во замката на ваквите момци и едноставно забораваат дека тие ја почнале играта, па се топат и повторно стануваат повредени марионетки предвоени од интригите на сепак злобите момци. Нема победа во оваа игра, едноставно треба да се случи чудо, а дали чудата на оваа категорија на беземотивни суштетва им се счучиваат и не баш веруваме!

Затоа, за најсигурно, престанете да им дзволувате на овие момци да влегуваат во вашиот живот и да реализираат уште еднен неуспешен поход. Променете ја насоката на вашата енергија и конечно привлечете го доброто во светот, а добрите момци ќе ја почувствуваат вашата аура и сами ќе ви сепреиближат. Само така ќе поентирате како победник во играта на Вашиот живот. И само тоа не заборавајте го. Сепак е ваш живот!

GOLD
To Top