Новости

Женски муабети

Ве прогонува ли неговото минато?

Влегувате во врска со некој маж, но дали сте сигурна дека зад него не останале неколку нерешени прашања? Можете ли да се соочите со товарот на неговото минато или е тоа преголем залак за вас?

Потребно му е време да се поврати. Секој што преживеал раскинување на долга врска , мора да го искуси периодот на лечење на старите рани. Тогаш се измешани чувствата на осаменост, болка , лутина и преголема желба за излегување со некого што ќе можеда го избрише минатото. Па како ќе знаете  дали е со вас затоа што му значите или сака да ја пополни празнината што ја чувствува?

Не размислувајте многу, прашајте го како се чувствува. Ако разговара  со вас за минатата врска без проблем, е тоа е еден куфер. Ако разговара со вас за минатата врска само ако упорно го молите,  тоа се два куфери. А ако пак одбива да го спомне нејзиното име или пак зборува  само за неа-три куфери. Црвено светло за вас. Ако пак не може да го изговори нејзиното име,тогаш е емоционално затворен и тоа секако не е добро за вас.  Овие  работи водат до само еден заклучок: тој воопшто не е личноста со која треба да сте во врска и да ја градите иднината на партнерство.

Доколку сте лудо вљубена во тој човек, тестирајте го животот. Употребете ги сите свои женски атрибути во физичка и ментална смисла  на зборот. Рескирајте. Можеби ќе се потврди она што ќе рече: кој рескира, тој добива или пак, упорниот добива. Како и да е  во љубовта нема правила.

GOLD
To Top