Новости

Женски муабети

Вие сте тие кои одлучуваат за вашиот живот, не другите!

Проанализа на сопствените мотиви
Ако донесувате одлука за одреден сегмент од вашето живеење само затоа што некој друг го бара тоа од вас, најверојатно таа одлука нема да се случи. Тоа треба да го сакате ВИЕ, а не ТИЕ. Од таа причина за кулминациона мотивација потребна е промена во вашето однесување и поставка на- скалила- причини- зошто сакате да донесете некаква одлука. И пред поставување на целта, прашајте се дали таа ве мотвира лично вас а не другите и ако е така , постулирајте го повеќе пати прашалното -зошто?

Еден обичен пример го појаснува горе наведеното:-„сакам да вежбам“ /-„зошто сакам да вежбам?“/-„за да ослабам“/-„зошто сакам да ослабам?“ -„за да изгледам убаво“/ понатаму следат прашалници од истиот тип кој прецизно ќе ве доведат до манифестација на вистинската одлука која ја носите само ВИЕ а не сите други и последователно тоа самоиспрашување ќе ве доведе до она што жаргонски е наречено „лесно“ или ако сакате „лефтерно“ живеење во отсуство на стеги и притисоци и во секој случа,ј умно, продлабочено и мудро чекорење низ аглите од кругот на животот кое секако дава резултат на лично задоволство, а кога ВИЕ сте задоволна , задоволни се и сите блиски околу вас, можеби и оние малку или повеќе далечни кои ја научиле оваа лекција и извлекле полза од неа.

GOLD
To Top