Новости

Женски муабети

Во деловното окружување. Колегиалност или издржливост?

Во групата на коректни луѓе се оние кои знаат да разграничат службено од приватно. Од нив тешко дека ќе разберете што прават по работното време, каде одат и кое е нивното хоби. Доколку и се обидете да се зближите повеќе, ќе наидете на отпор, а секогаш ќе ви се најдат за муабет или совет, но после работа. Ваквите колеги со кои добивате впечаток дека се работи за две различни личности во и надвор од работното место се ретки и вистинско богатство кое и ретко кој знае да го цени. Често се на удар на злобните јазици и на иронични насмевки само поради тоа што не се озборувачи како останатите.

Групата на шармантни колеги  е таа која често знае да  смири разгорени темпераменти и да задржи луѓе на работа кои веќе размислуваат да си заминат. Нив навистина тешко им одолеваат сите и секој сака да биде во нивно друштво. Времето поминато со нив просто како да лета.

Доколку сте опкружени со амбициозни глави, очекувајте го и невозможното. Тој  или таа постојано ќе ве опкружува со материјали кои треба да ги сортирате, копирате, печатите и тоа се од денес за утре. И  секоја грешка  која ќе ја направите, може многу да ве чини.

Како и да е, колегите се тие. Тоа сме сите ние.

GOLD
To Top