Новости

Женски муабети

Втора виолина!

Сте го посакувале откако знаете за себе. Но, неговите очи никако да се завртат кон вас. Се некои други девојќи го оттргнуваат и оттуѓуваат од вас. Конечно, имате избор да сте бар малку негова. Негова втора виолина.А вреди ли?! Тој е достапен само кога тој го може тоа, а вие сакате секогаш да  биде тука, до вас. Штo замислете, е нормално. Тој внимава на вашата ,,врска” само кога тој ја гледа како таква, а во повеќето од ,,вашето” ( или можеби нивното) време, тој ја гледа неговата врска. Му одземате на другата Таа од светот. Се чувствувате како крадец.

Што ли зборуваат? За што дискутираат? Каде се сега?! Ја носи ли на ручек? Да не се на некоја вечера и…Кога ли ќе се јави?! И така стоите над својот телефон со часови. Понекогаш и денови. Чекате. Вашата улога е да чекате. Ве стегаат градите, ве боли во грлото. Душата ви мириса на неверство. Како да во секое време цело небо на коцкички ќе се распадни и ќе падни над вас. Колабирате во умот. Хаос. Не ви е добро. Се додека не заѕвони мобилниот и не слушнете: ,,За еден час на нашето место!” Роботски и бесмислено, ко марионетка од куклен театар одите кај него и упорно го играте тој бесмислен театар. Имате безвреден секс, тоа се само две тела што се прпелкаат низ постелата на ѓаволот. Вашиот ум е поинаков. Си повторувате:,, Што е ова? Која сум?! Зошто е вака?! А таа?” Ве боли секоја клетка, ни еден мотивациски говор не би ве возвишил и вратил назад. Ве боли секоја секунда во светот што токму вие така сте го изградиле. Со страст, блуд, совест…

Но, нели е Тој?! Конечно нели имате избор. Да сте бар малку негова, да е бар малку ваш. Да сте ,,вие”. А имате ли избор навистина?

Бидете царица на вашиот свет. Ставете ја круната и конечно вие издиктирајте со власта. Доста е некој да свири на и онака скинатите жици од болната виолина. Погледнете се во огледало. Видете и разберете колку вредите. Ставете ги на канта времето и светот. Има ли времето време во вашиот свет? Се е прашање на избор, а запомнете секогаш изборот е ваш! Никогаш негов! Никогаш втора виолина!

 

GOLD
To Top