Новости

Женски муабети

Дали и вие сте едни од тие кои постојано си го комплицираат љубовниот живот?!

Многу девојки, погодени од некое лошо искуство во минатото, се повлекуваат од полето на љубовта, за да не бидат повредени повторно или пак избираат безбедна врска во која нема многу емоции. Можеби таа опција се чини разумна, а и шансите дека ќе бидат тешко повредени се мали, но исто така има големи шанси дека тивко ќе страдате во целиот живот поради што истовремено сте го избегнувале и влијанието на онаа вистинската страсна љубов… Всушност се наоѓате во постојана сложена ситуација, која алудира на то дека константно можеби и си го комплицирате вашиот љубовен живот. Еве неколку знаци за тоа.

Постојано се навраќате на проблемите од вашето минато

Избегнувањето на важните одлуки за иднината и константното споредување на проблемите о оние од минатото, само ве вртат во круг и не решаваат ништо,а тоа е сигурен пазател дека сте се сопнале на патот до вистинската љубов и сте во некоја извесна комплицирана состојба од која мора најитно да излезете.

Мислите дека денес не е баш совршено време за љубов

Петте минути не ѕвонат на телеонот или на вапата влезна врата за да ве потсетат дека се баш тие пет. Птотуку сте излегле од сложена врска, а сте добиле нова работа и едноставно сакате да поуживате во вашиот сингл живот, па не прифаќате никаква љубовна понуда, па уште подалеку од тоа дека ја гледате како шанса. Размислете околу ова и доколку се наоѓате во ваква ситуација, редно е да ги рагледате можностите и зграпчете приликите.

Имате огромни очекувања

Вистина е дека сите сонуваме, но некогаш треба и со отворени очи. Ова не е кажано метафорично, туку значи дека треба да ја гледаме реалноста и да не се плашиме од несовршеноста на оние кои ни приоѓаат. Не очекувајте премногу, но наспроти тоа ни премалку. Бидете реални во тој поглед.

Се ставате себе си на последно место

Заборавате на себе си и дека вие всушност се сакате токму онаква каква и што сте. Погеднете се во огледало. Уште еднаш потсетете се за вашите најубави страни и прекинете да се самокритикувате.

 

GOLD
To Top