Новости

Женски муабети

Дали секој маж е неверен?!

Мажите , страста ја доживуваат како моментно случување, за разлика од жените. Машкиот мозок веднаш го менува текот на мислите штом во близина ќе се најде некоја згодна, атрактивна девојка или жена која му дава повод да направи непредвидлив чекор без размислување.  И во статус состојба -среќно оженет човек, се случува т.н. стеснување на умот. Мажите многу потешко ги контролираат  своите желби и емоции. Токму затоа  многу полесно можат да му се предадат на  искушението.

Следува заклучок-секој маж е неверен. Прашањето кое се поставува е дали да се прости неверството?  Ако сметате дека заслужува уште едне шанса, сторете го тоа во отсуство на префрлувања и расправии. Во спротивно, побарајте ја среќата на друга страна. Само така ќе се ослободите од непријатната болка што ви ја пара душата.

Сепак, немојте да сте претерано скептични после ова и да живеете во постојан страв оти вашиот животен сопатник или можеби сеуште момече ќе го направи истото! Но, едно е сигурно! Внимавајте на дрските и „невнимателни“ жени!

GOLD
To Top