Новости

Женски муабети

Дали сме уморени од работата или можеби фрустрирани?

Заморот во многу случаеви не е последица на работата туку на фрустрацијата, грижите и незадоволството од работата. Во старата мудрост која вели-„среќен е оној човек што може да се занимава со работата во која ужива“ е содржана целата вистина за среќата која ја вклучува позитивната енергија, задоволството од животот и се разбира радоста што тече низ него.
Ако не ја сакаме работата што ја работиме, има лек за ваквата состојба. Лекот во себе ја вклучува промената на личниот став кон сопствената работа. Поентата не е во тоа да го работиш тоа што го сакаш, туку да го засакаш она што го работиш. Задоволството од работата произлегува од нашиот став кон самото задоволство. Во таа смисла првичната мудра изрека добива нова конотација во која сепак е содржана целата вистина за радоста од животот.

GOLD
To Top