Новости

Женски муабети

Дали љубота е вештина? – Можеме ли да го натераме некој присилно да не сака?

Ако навистина е така, тогаш бара значење и труд. Или  можеби е пријатно чувство кое е производ на  случајноста, нешто што е е производ  на случајноста , нешто што едноставно ни се случува, ако имаме среќа? Љубовта е вештина која може да се научи.

Секој човек е гладен за љубов.. А волшебен начин да натерате некој да ве сака, не постои. Ако сепак мислите дека сте успеале во тоа, бидете внимателна. Исходот не е вистинска љубов , туку пасивно врзување за  вашата физичка  потреба за љубов. И на крајот ќе откриете дека не сте сакана оној момент кога нема да  исполните  едно негово барање или очекување.

Во таа смисла љубовта цвета на слобода. Ако се обидете да ја фатите и чувате, таа неминовно ќе овене како и секој цвет кој е откинат и ставен во вазна.. Љубовта која се брка нема да биде фатена.. Љубовта се развива само кога не и се поставуваат  никакви барања, кога е безусловна.. Љубовта не може да чува и држи како парите во банка, со можност за повлекување во иднина. Ниту една осигурителна компанија нема да ви издаде полиса за времетраење на љубовта.

Затоа обрнете внимание на она што го правите во однос на партнерот, набљудувајте ги последиците од своите постапки и бидете свесна за сите свои избори  од минута во минута.

GOLD
To Top