Новости

Женски муабети

Драма ,,qween” или непоправливи романтичари?

На кафе муабет со пријателка што одамна се немаме видено, се разбира дека прво што се распрашавме е ,,Што има ново?”, ,,Како се твоите?” ,,Што се случи со работата, сеуште ли работиш?”  бла бла..

И уз цигара, си спомнавме за спомените, за младоста, за лудоста и адреналинот. Кафето беше горко. Музиката бавна и одеднаш се погледнавме шокирани од нашиот заклучок. Ние живееме во драма! Не знам за вас девојки, ама ние сме или ,,drama queens” или кралици на драмата или пак можда сме непоправливи романтичари!

Грешка ли е тоа да влегуваме со толкави емоции кон се? Грешка ли е да веруваме во чуда, во идејата оти животот не е убав ако малку не го зачиниш со таа елегантна драматичност? Ок, да не претеруваме и да не се замесуваме бидејќи не само што годините не ни се исти, ами и драмата не е. Затоа е помалку зачинета, ама ја има!

Нам ни е досадно во едноставно клише секојдневие. Ние не сме од оние девојки кои се залажуваат, засладуваат и задоволуваат со малку. Ние бараме многу. Не сме ние од оние кои се откажале од животот бидејќи го доживеале т.н. ,,ултимејт” станувајќи покорни сопруги и очајни домаќинки кои рутински секој ден меѓу другото проверуваат дали има прашина на телевизорот. Ние сакаме повеќе! Не сме од оние кои знаат да се соочат со тоа ништото од денот за кој не се ни трудат да биде малку поинакво. Спротивно, додека мирисот на кафето влегуваше во секоја пора која раскажуваше за култот кон него, зборувавме и заклучивме оти не сме ни од оние ладнокрвни и рамнодушни девојки кои зрачат со сеедност, а изгледаат мистериозни и опасни. Е пак ние си сме прочитана книга. И арно и лошо си споделуваме и ако не сме споделиле, тоа нешто како да не ни се случило.

Но, немаме лимит. И емоцијата на многу од тие приказни ни го контролирала умот. Но, емоција ли е тоа или драма? Со фактот што сме го споделиле искуството и сме го кажале на глас на пример, ние му даваме значење! На ладнокрвната девојка тоа нема да и се случи. Нема пак ни  знна Реалистотсоочената ,,домачица”.Реалистот знае точно колку има вода во чашата, а ние по потреба сме или оптимисти или песимисти. Важно ни е да ги искусиме сите емоции и целата таа катарза во светот. Колку и да боли некогаш… Драматизираме или сме емотивни и непоправливи романтичари?

,,Ќе може ли да наплатам!” Рече келнерот и запраша дали ке го допиеме она малку кафе што ни беше останало во нашите чаши. А малку ли беше или повеќе од доволно?

GOLD
To Top