Новости

Женски муабети

Жената мора да знае да разговара

Жената освен што треба да биде визуелно привлечна, треба и да се придржува на  правилата на добар соговорник. Колку и да се чини дека мажите се насочени кон физичкиот аспект на жената, повеќето мажи  сакаат да го слушнат и нејзиниот глас  како стимулација  за придвижување на интересот.

Напнатоста од современието ја оневозможува освежителната функција на природниот хумор и забава. Но едноставниот машки свет подлегнува на  нејзините вродени манири за  привлекување внимание со   интересна, забавна и духовита тема на разговор.

Жената мора да научи да сортира зборови за комуникација со припадниците на посилниот пол, доколку сака да го задржи нивното внимание. Покажете емпатија и  женска ранливост  во дадени моменти. Практикувајте ја другата страна на срцето, а тоа е разумот.

Паметната жена настојува со правилни потези да ја намали нервозата во друштво доколку е присутна  и го продолжува векот  на своето кралство со насмевка. Ја анулира претпоставената  загуба и компензира со симпатична шега на своја сметка.

GOLD
To Top