Новости

Женски муабети

Заменете ја досадата со креативност

Досадна недела… Што ли се случува? Сите имаме такви денови во кои ништо, ама баш ништо не ни се прави. Не сме на работа, обврските навремено сме ги завршиле, а пријателите пак од друга страна баш денес, не се слободни.

Во овие ситуации најважно е каде ќе го насочиме нашето внимание. Фокусирајте се на нешто креативно. Најпрво мислете на позитивни нешта и во никој случај не се преоптоварувјте со неважни работи. Проблемите не мора да ги решете денес, затоа што денес е денот за уживање и ставете ја таа убава насмевка на вашето лице. Испитано и докажано е дека и најголемата болка поминува доколку ја промениме мислата, значи фокусот и тоа само со убави нешта.

Пронајдете го своето убаво нешто. Создадете креативно катче и никогаш нема да во е досадно.

Откријте кое е вашето хоби, што ве прави среќна иако станува збор за навидум ситница. Готвење, пишување, декорирање, цртање, јога, вежбање, прошетки во паркот. Најважно е да имате цел. Исходот на готвењето е вкусниот оброк, во пишуваето е убавиот стих. Целта или последниот момент во цртањето е зајакнатото чувство на самодоверба и гордост од вашето креативно дело. Што и да правите уживајте. Исто толку е важно и да се организирате и да не креирате во хаос. Така полесно ќе го остварите она што го сакате, а времето… Времето веќе поминало и наместо досаден, овој ден ќе го паметите по тоа што сте направиле нешто продуктивно.

GOLD
To Top