Новости

Женски муабети

За сите мајки:,,Бидете свои и престанете да ги слушате другите”

Улогата родител е всушност доживотна професија која од своја страна, не e една однајтешките, туку е најтешка! Ако го сакаме тој условно речено ,,товар”, тогаш мора и да го прифатиме и несомнено да научиме да уживаме во него. Како родител, бидете фер кон себе си и престанете да си условувате себе си со претставката ,,треба да”! Но, освен тоа, бидете свесни дека секое семество е приказна за себе.

Во тој контекст, не се споредувајте и не трудете се да бидете исти како другите, слушајќи ги нив дури и кога најмалку е потребно. Не велиме, да не прифаќате совети, но не мора слепо да следите туѓи правила. Пред се секое дете е различно, а и вие сте различни од многумина. Вашето дете, сака да ја доживее вистинската ,,вие”, а не некоја бледа копија на друг човек.

Не обвинувајте, не посакувајте го туѓиот живот, но апро по и престанете да ги слушате обвинувањата на другите мајки кои се однесуваат на злобните критики кои според нив ве прават лош родител.

Трудете се максимално, но бидете свесни дека не постои совршен родител и одете по свои правила. Затоа што секоја мајка си знае како!

GOLD
To Top