Новости

Женски муабети

… И што ако не е се онака како што сме си испланирале?

Понекогаш плановите не излегуваат и баш онакви како што сме ги замислувале. Во еден куп женски муабети, нурнати во кафето и филозофскиот трач, пријателките би додале дека не треба да се разочаруваме, ама уз две три цигари и превтрвање на финџалот, по неколку продлабочени констатции, ние се запрашавме од каде пак и толку големи разочарувања и дали воопшто ни се тие потребни?

Една девојка од моојата „урнебес“ екипа би додала дека се случува со причина и дека не е којзнае какво големо зло ако нештата се случуваат во обратна насока. „Еве на пример, јас вели таа, воопшто не го планирав овој живот. Не сакав ни брак, не планирав да имам деца, не сакав да живеам ете баш ваков класичен и скромен живот како и останатите девојки. Но, сега можам да кажам дека сум можеби и најсреќната жена и секој ден благодарам што го имам ова семејство. “

Можеби, едноставно, штом упорно некоја врата не ни се отвара, треба да тропнеме и да пробаме да отвориме друга. Никогаш не е доцна за промена на соништата! Доста е упоро градење и туркање на ѕидови кои едноставно не се наши. Не се за нас. Па ако нештата не се случуваат во одрдената насока која од секогаш сме ја планирале, не треба да се разочаруваме. Затоа што секоја пречка на патот е со причина. „Не очајувајте штом имате пречка на патот. Ако ви се случи нешто полошо, вели другата, бидете спремни за она доброто што следи. Затоа што некој друг има план, па намерни се изгледа пречките на патот!“

Колку се во право моите муабетчивки? И дали навистина понекогаш не е и баш до нас? Како и да е , јас би предложила да го завршиме муабетот и да си речеме едно „Ма пусти нек траје!“ Едноставно да ги оставиме нештата да се случуваат, а плановите да му ги оставиме на некој друг да ги креира, затоа што секогаш Бог има добар план за нас!

GOLD
To Top