Новости

Женски муабети

Каако да бидеме секогаш позитивни?

Сите имаме и добри и лоши денови. Посакуваме да не е така и позитивното расположение да го задржиме. Што треба да направиме за тоа да се случи?
Најпрво треба да разбереме дека нашето тело е составен дел од нашиот ум. Понекогаш чувствуваме беспричински замор и болка во телото, едноставно не можеме да направиме ништо колку и да се трудиме. Тоа е така бидејќи константно сме ги складирање т.н. лоши енергии, или негативни вибрации на кои не баш им обрнуваме внимание, а тие подоцна ни го заморуваат умот кој рефлектира на телото. Затоа, една од многуте вежби за јога учењето ни кажува дека секоја ноќ пред спиење со мислите треба да поминеме низ текот на денот. Онака површно. Со тоа не ги складираме информациите, туку напротив ги исфрламе.

На нашето тело му е полесно да навикне на лошото и да се откаже, затоа треба борба и константно вежбање и медитации. Постојаното тврдење пред себе си дека сме позитивни, дека веруваме и се надеваме ќе ве натера да изградите еден оптимист кој одамна тлеел во вас.

Извадете го сето добро од вас на површина само со позитивни афирмации и доверба во Бог дека се случува со причина.
За крај, секогаш пред спиење завршете го денот со убава мисла, расположени и среќни. Со неа и ќе се разбудите!

GOLD
To Top