Новости

Женски муабети

Какви ви се мислите, таков ви е животот!

Во една парафраза на Пауло Коелјо стои: „И на душите како и на реките им е потребен дожд, но сосема поинаков-надеж, вера, причина да се живее. Во спротивно душата овенува и луѓето ќе кажат дека во тоа тело некогаш имало човек.“
Во таа смисла надворешното е нешто што секој може да го поправи, но тоа и не е толку важно колку што е важна мислата и емоцијата. Тие две нешта треба да го водат животот, а не потребата за пари. Најважно од се е да ни е убаво на душата, а таа убавина се раѓа од нејзината чиста длабочина. Обидете се да ја разберете природата на сопствената душа. Каква ви е мислата, таков ви е и животот. Затоа бидете позитивни и верувајте во сопствените убедувања за светот, а реалноста може да биде убава, но само вие ако знаете како да го обите светот. Епа што чекате? Спремете се за шаренолика реалност, затоа што еднобојното е сепак досадно. Нели?!

GOLD
To Top