Новости

Женски муабети

Како да го заведам?

Постојат заводнички потези кај нас жените кои понираат од еволутивното условување на еден ритуален начин. Уште многу одамна жените во Египет ги шминкале очите за да го привлечат машкиот поглед со ефект на визуелна илузија на раширени зеници како знак на задоволна жена. Токму тоа , задоволна , среќна и самосвесна жена е она што ги привлекува мажите.
Првиот момент на заведување е согледувањето на магичната игра која претстои во позитивна смисла на зборот, не како оптоварување. Ѓаволеста и неодолива е онаа жена која ја прифаќа играта, разбудувајки го детето во себе без многу помпа и извештаченост. Едноставно маѓепсува со својата појава и притоа ужива во улогата на жена. Не е груба, не пцуе, не се налева со алкохол и не дозволува да ја изгуби контролата ниту во една ситуација.
Жената што умее да заведува го задржува малку повеќе погледот кон посакуваната цел со зачин-мистериозна насмевка развлечена на усните со црвен кармин и дамско, сензуално држење и движење на телото, самосвесно покажувајќи ги своите надворешни и внатрешни заводливи атрибути.
Паметната жена емитува привлечна аура и се чувствува пријатно со потенцијалниот партнер низ играта на заведување .

GOLD
To Top