Новости

Женски муабети

Како да се однесуваме кон несреќата?

Понекогаш треба да бидеме свесни и за лошите работи кои се случуваат. И пак, ќе речеме, „Ма не дај Боже“ ама не смееме да се разочаруваме и од нив. А кога е најголемо разочарувањето? Само доколку делува како шок. Стресот си го предизвикуваме сами со што остануваме зачудени за некогаш и не толку позитивни импулси кои ни ги исфрла животот и не сопнува светот. Важно е да научиме дека во животот постојат и позитивни и негативни случувања. Енергијата мора да се балансира, а ние мора да научеме како да реагираме на нив. Факт е дека не можеме константно да го избегнуваме и апстрахираме злото, поминувајќи покрај него правејќи се дека не го забележуваме. Понекогаш соочувањето ни помага во градење на нашата свесност и стабилност од карактерот. Очи во очи со непријателот, со проблемот со злото. Она што не не убива не прави похрабри!

Понекогаш сите сме во добро расположение и си создаваме ѕидови околу нас, па не дозволуваме никој да влезе во нив и да ги прескокне. Но, до кога така? Сакаме или не, на несакање ќе слушнме проблем, лоша приказна, било дали е наша или туѓа. Некој случаен минувач ќе не застане на улица и може да ни сепожали за неговата тажна моментна драма на пример, а ние колку и да се труиме да сме имуни, таа информација не можеме во целост да ја исфилтрираме. Едноставно, мораме да се соочиме со се што доаѓа кон нас, а одбраната не е негирање и одбивање на лошите информации, туку баш нивно соочување. Затоа што најхрабрите луѓе и кога ќе паднат, знаат и тоа како да се исправат!

GOLD
To Top