Новости

Женски муабети

Како да се ослободите од минатото?!

Понекогаш минатото едноставно влечи. Колку пати сте станале на среде ноќ и сте ја сонувале токму онаа особа која ви го скршила срцето, ве натерала да ја почуствувате најголемата болка на светов и покрај тоа пак ја сонувате.

Очигледно, женскиот ум е предвиден да го има оној ужасен мазохистички или самоповредувачки пристап кон животот. Зошто е тоа така и како да би го спречиле тој однос кон демотивирачкиот пристап кон вашиот живот?!

Замислете, минатото си е минато и колку да се трудите околу тоа вие не можете да промените ништо околу работите кои веќе се случиле.

Најважното во согледувањето на реалноста е моќта на свесноста во сегашниот момент. Уживајте го него и апсолутно апстрахирајте ги лошите спомени, било дали се работи за бившиот партнер, пријател или некој незгоден момент во било каква ситуација. Време е да се простите со опсесивноста и стегите кон тие спомени кои ве запираат да одите напред кон убавите нешта.

Постојат сотуации во кои несвесно сами се повредуваме, а веќе се е завршено. Постојат прашања од типот: ,,Што ќе беше ако сега Тој беше тука? …А ако се вратев, дали ќе постоеше можност да не погрешев? …Зошто така изреагирав? Не требаше!”

Моментот на ,,што би било ако би било” во негативна конотација во поглед на упорно вложување на труд при исправување на веќе направените грешки и ситуации, е момент на самоповредување! Не постои временска машина што би ве понела назад и би ви помогнала во солуција на проблемите. Тие настанале, се случиле и завршиле. Почеток, дејствие и крај.

Време е да се разбудите од минатото и да ја уживате секоја нова секунда. Секогаш стојте зад своите постапки вие! Соочете се со фактот дека и ако би се вратиле, ќе постапевте исто, а Тој или тие, ќе беа истите настанати проблеми со помош на замислената имагинарна временска машина. Нема потреба од пловење кон минатото. Зашто едноставно…Минато е!

GOLD
To Top