Кој е зборот што не смеете да го споменете во случај на брачна расправија?

Секоја врска си има свои успони и падови. Со оглед на денешното брзо живеење, социјалноста или пак баш асоцијалниот однос и повлеувањето од страна на едниот или пак двата партнери, може да донесе до големи расправии и разнишување на брачната заедница.
Па, и покрај добрите и позитивни мисли кои постојано се трудите да ги експонирате и инволвирате во вашето заедничко секојдневие, сепак доаѓаат моменти на сепоинтензивни караници кои произлегуваат од лошо расположение и преминуваат во непродуктивни разговори со негативен исход.
Како и да е, без паника! Не е тука крајот или крајот доаѓа само ако вие го повикате. Од тука, би заклучиле дека ни во момент на најголем афект, не смеете да посегнете по забранетиот збор:„Развод“.
Сега го прочитавте и сокриете го некаде длабоко во умот. Имајте на ум дека овој збор може многу да наруши од вашиот однос, освен во случај ако навистина го мислите и сте убедени дека за жал тоа е единствената солуција за излегување од хаосот. Поимот „развод“ не би го споменале поради три причини:Тој ќе го разниша вашиот однос и ќе биде разбран како закана над која ќе следи уште поголем инат и гнев од спротивната страна како и големо разочарување; ќе зазвучи како ултиматум, а никој не сака ултимауми. И последно никогаш не го споменувајте поимот, бидејќи партнерот навистина ќе започне да размислува за развод.
Затоа заборавете го овој збор и престанете да го употрбувате и наместо тоа научете да ги решите проблемите, а не да ги предимензионирате. А за крај, караниците ќе постојат, па како добрите, така и лошите работи се составен дел од овој живот. Научете да ги прифаќате и научете како да ги решите конфликтите со спокоен и мирен стил. Токму како што тоа една вистинска дама би го направила!
