Новости

Женски муабети

Луѓето ќе ви ја исцицаат енергијата или ќе ве инспирираат. Треба ли селекција?

Дружењето со различни видови на карактери е само чекор до стекнување на огромно животно искуство. Богатство чии плодови ќе ги берете доколку сте извлекле одредени поуки. Но, треба ли да чекаме да дојде дури староста за да се сетиме и да ги искористиме истите искуства кои ќе стојат како значки и беџови длабоко притиснати во нашиот ум?

Луѓето знаат да не насмеат и расположат, да не утешат или инспирираат, нп некои знаат да ни ја исцицаат целата енергија и да не остават така немоќни. Штом веќе ги препознаваме ваквите типови, не мислите ли дека е редно да направите мала селекција и да ги апстрахирате сите такви ндгативни импулси со што ќе се наполните со една нова исфилтрирана позитивна енергија и одново ќе можите да продолжите? Доста е со лишоќи луѓе! …И тоа не е себичност! Прекинете со сожалувањето и мислењето оти им давате утеха со што останувате покрај нив и покрај нивното хипохондрично, злобно, па дури и деструктивно однесување. На ваквите луѓе едноставно не можете да му помогнете освен ако тие не си помогнат сами. Можете само да им се придружите кон дното, а тоа веруваме оти не го сакате! Затоа без страв направете селекција и оладете од негативните импулси. Човек треба да е здрав за да може да му помогне на другите! Запомнете го тоа и благо тргнете се од енергетскиот вампиризам и злобниот видокруг. Откако ќе излезете од таму и по ндкое врдме со оладени глави, сами ќе одлучите дали вреди и понатаму да се борите за истото пријателство или мкжеби ова ќе ви биде само уште едно искуство во животот кое ќе ве натера да свртите нов лист!

GOLD
To Top