Новости

Женски муабети

 Ме сака ама на свој начин?!

Сите ние сакаме на свој начин. Ако вака се гледа на работите, претпоставуваме дека секој сака некого, поточно секој сака секого. Вистината е дека се сака на еден начин, а се мрази на сто поинакви. Сето она што сме го слушале од најрана возраст, не е ништо друго , освен  давање утеха за нешто што на пример не оди во бракот и за она нешто што всушност никогаш нема да се поправи. Доколку навистина се чувствува во етерот двострана љубов, не треба да  го оправдуваме нејзиното отсуство со тоа што ќе гледаме во некоја банална работа како негов начин на сакање.

Блискоста се негува  и во тоа е смислата на сакањето. Секојдневното придвижување кон неа, сепак ја носи индивидуалноста што се јавува како  перманентна афирмација – ме сака на свој начин.

GOLD
To Top