Новости

Женски муабети

Молчењето е злато!

Во животот се сретнуваме со луѓе кои озборуваат и ги извртуваат фактите , кажуваат невистини и манипулираат.  Пред да се впуштите во валканите напливи на конфликти, смирете се и фокусирајте се на Вашата цел.

Изречените невистини пуштени во етерот и секако упатени на ваша сметка или на сметка на оние кои ви се драги, нема да се преиначат  со кавга и расправија. Вашата не-примитивна околина веќе знае дека оној што шири отров е озборувач и обичен манипулатор.Секоја паметна особа ја знае глупоста на така изречениот токсичен збор. На  Вас е да се насмевнете, да одмавнете со раката како гест на она што вели-не сакам тоа да го слушам.

Одбите ја глупоста. Манипулаторите  секогаш и во секоја прилика настојуваат да имаат спаринг партнер во расправијата. Не им го дозволувајте тоа задоволство. Едноставно, одминете ги и надминете ги ваквите ситуации.

GOLD
To Top