Новости

Женски муабети

Неколку верувања дека жените и не се толку различни од мажите!

Постојат верувања, осбено овие балканскве, дека мажите се нели оние мачомени кои се однесуваат како сакаат, горделиви се и се им е оправдано, па дури и оние најгрозните работи кои тие слободно ги коментираат во друштво како одењето во талет или пак можеби описот на интиниот однос со партнерката.

Епа погодете што? И жените горе – долу го прават истото, само до некаде не се експонираат!

Од многу бројните примери би издвоиле неколку ситуации каде жените се однесуваат како мажи. Па 21 век е бре и што!

Можеби поодамна жените уште како малечки девојчиња биле воспитувани да слугуваат, да се малку потчинети и да го држат редот и хигиената во куќата, но погодете што. Сетоа тоа одамна е мит и на девојките кои надвор ги гледате средени од глава до пети, „мама“ им спружува и пери алишта, мама им чисти, им сервира, готви и носи на тацна. Средувањето на регалот, чистењето прашина и правосмукалката, како и свемирската машина за перење која до тогаш им изгледала дека треба некој од Наса да дојде и да им ги објасни сите тие несватливи дугмиња, се случуваат и жената ги осознава и дознава откако ќе стапи во брак. До тогаш тие се исти како вас.

Девојките не се срамат да каснат нешто што им паднало на земја, спијат до доцна ако немаат работа, се излежаваат и да, не сте само вие што коментираат дрско и отворено за најинтимните нивни ситуации. Девојките споделуваат се со своите пријателки, а особено е разгледуван делот каде вашиот живот и однесување е простудиран во фотка скрин шат. И тоа на повеќе пати. Што би значело, внимавајте што правите, бидејќи вашиот разговор е под надзор на околу десетина позадински женски мозочиња, а последователниот одговор на вашите конкретни прашања поминува низ рацете на тие десет девојки во мили секунда, но одлуката за исходот се носи малку повеќе време.

И девојките знаат да почастат момчиња и не се срамат околу тоа. Барем со тие стереотипи завршивме и престанете да се криете зад некоја пуштена пијачка по келнер за нас, тоа не ја зголемува вашата самодоверба, ами многу други нешта.

Девојките денес, можат да работат исто колку и вас. Веќе одамна се заборави на оној дама-каваљер однос. Па вие сакавте нели? Ок, сакавме и ние, па сега… шарала сама си го барала! Но, не сме толку различни зар не!?

GOLD
To Top