Новости

Женски муабети

Среќата е избор и само вие можете да одлучите дали сакате да бидете среќни!

Се што ќе ви се случи  во животот , прифатете го целосно или променете го ако имате можност за тоа. И се што ви се случува е причина повеќе да ги сакате промените. Лошите нешта умеат да ве напарават посилна и поцврста , а убавите работи во животот доаѓаат кога најмалку ќе се надевате на нив и доаѓаат да ви го затоплат срцето, да ви ја осветлат душата и да ви ја освежат насмевката на лицето. Секој дел од животот има своја приказна и причина да го сакате уште повеќе Навикнете се на новините од животот и  не се плашете од промените кои ви се случуваат. Бидете подготвена да ги прифатите. Не заборавајте да уживате во секој убав момент кој ви се случува, затоа што не се знае кога животот ви ги нуди најслатките плодови и ви подарува возвишени нешта.

Насмевнете се и речете одлучно: она што не го очекувам а ми се случува не е секогаш проблем ,туку промена која може да  ми  внесе свежина во животот. Тоа е всушност  мојот нов почеток.

И повторно запомнете: прво треба да се изборите за тоа што го сакате, а потоа да уживате во него. Одете само напред и учете од искуствата. И ништо не може да ве повреди ако вие не го дозволите тоа.

GOLD
To Top