Новости

Женски муабети

Нештата едноставно се случуваат

Нештата во животот се случуваат без претходно предупредување за нивното доаѓање и без некоја посебна причина или можеби се случуваат со причина? Човек никогаш не смее да му се препушти на мислите кои водат до констатација дека неговата положба во животот е константно сигурна или можеби сосема обратно-верување дека константно сме под закрила на универзалната животна сила.
Секогаш треба да настојуваме да одиме напред и да се обидуваме да бидеме најдобрата верзија од себе. И никогаш не се знае какво чудо може да затропа на врата и да ни го направи животот непредвидлив и онаков каков што не сме го очекувале во нагорна или надолна линија. Нештата едноставно се случуваат, а на нас е да веруваме во најубавото како мотивирачка и подвижна сила и истото да го привлечеме во нашиот живот. И конечно ти се случува тоа што го мислиш.

GOLD
To Top