Новости

Женски муабети

Не оптоварувајте се дали сте постигнале се што сте замислиле,само верувајте дека денес е вашиот ден!

Роберт Луис Стивенсон запишал-„светот е полн со се и сешто, па сосема сум сигурен дека секој од нас треба да биде среќен како владетел.“ Па затоа, би рекле:„ Гледајте ноншалантно на убавите нешта.“ Дозволете состојбата на свесност и соземеност да ви го покаже патот кон исполнување на вашите соништа.

Денешниот ден ќе ви донесе успех, заработувачка, нова нафака. Верувајте во дефиницијата за чудо која вели дека чудото е причина за позитивна вџашеност, за радосно дело. Ниту една научна мисла не може да се спротивстави на очекувањето дека денешниот ден ќе ви донесе нова насмевка.
Запомнете-денес е вистинскиот ден, ниту прерано, ниту предоцна. Чудото се случува преку нок. Разбудете ја убавата емоција и не се оптоварувајте со тоа како да постигнете се она што сте замислиле. Заблагодарете се за тоа што сте постигнале и патот што ќе го чекорите веќе ги реализира вашите амбиции.
Слободно препуштете им се на желбите. Радувајте се како мало дете и манифестацијата е присутна, можеби додека го читате текстот ќе добиете телефонски повик што силно ќе ве израдува.

GOLD
To Top