Новости

Женски муабети

Не употрeбувајте пресилни зборови!

Во секојдневното комуницирање ако користиме пресилни зборови , се преобразуваме во комуникациски агресори.  Во дадени и чести моменти, негативно  констатираме-„детето ми е крајно непослушно“, „сосетката ме мрази“, „шефот не го вреднува моето поведение“ и сл. и прибегнуваме кон напад на личноста за која мислиме дека е точно таква како  што ја опишуваме и активираме отровни  и навредливи зборови, а со тоа предизвикуваме конфликти.

Доколку погледнеме на состојбите поинаку, ќе констатираме дека -детето не е непослушно, туку не успеало даго испочитува договореното време од  „ x “ причини и сосетката не ве мрази туку ви рекла дас не ја тресите прашината врз нејзиниот балкон  и уште шефот, не дека не го вреднува вашето поведение, туку не успеал да пронајде  „тајм аут“ и да го констатира истото.

Заклучок- олабавете, вие ионака си ја знаете сопствената вредност. Обидете се да ја анимирате другата страна  да биде позитивна. Тоа секако ќе го постигнете без употреба на пресилни зборови.

GOLD
To Top