Новости

Женски муабети

Од женски аспект. Пријателките во нашиот живот и нивната поддршка!

Поддршка од женска страна. Жената на жена треба да и е подржка во животот . Нема поголема сила и ветер во грбот од таквата подршка. Време е да престанеме со непријателскиот начин на себеизразување , од причина што тоа не носи ништо и никакво добро.

За момент да се потсетиме на она што ни го раскажувале или сеуште го раскажуваат нашите мајки за колегијалноста во нивното време и колкава доза на радосни моменти носела истата. Време е да престанеме со зголемен диоптер да ги бараме недостатоците и да престанеме да се ситиме на туѓиот неуспех. Да се поддржуваме меѓусебно, да си помагаме, да споделуваме и во секој случај да го величиме постигнатото кај колешката, комшивката, помалку или повеќе познаничката. Нечија постапка или можеби мало креативно дело да го пофалиме и вистински, радоста да ја искажеме гласно и транпарентно. Тоа секако дава слика за самите нас во чии рамки е содржана душата и хуманата страна на нашето „јас“. Целата своја дарежливост да ја пресликаме во другата до нас . Тоа ќе ја умножи нашата женска сила како генератор на секојдневното живеење.

GOLD
To Top