Новости

Женски муабети

Она што му сервираме на умот, тоа и ни се случува!

Што е вистинска романтика и љубов? Постојат ли и двете работи заедно и мора ли да одат заедно и еднставнп не функионираат никако поинаку?! Или и ова е само еден мит на неповравливите романтичари и поети. Некои повредени умови и душички. Но, и да е така, што сакаат тие да кажат со нивната романтика и цела таа поставена драматична „сцена“?! Дали се треба да биде наместено и намерно или истото би се доживеало само доколку се случи инцидентно и спонтано?!

Тука, би забележале да престанете да се восхитувате на другиот живот. На туѓите умови и постапки. И престанете да го споредувате вашиот партнер и вашата врска со некоја туѓа која навидум изгледа совршена. Далеку од тоа дека се тешиме со фактот оти не постои тоа совршенство, но алудираме на повикување и барање на проблемот длабоко во нашата интровертност. Само таму можеме да го најдеме клучот на нашиот ум, кој од своја страна, ќе ни го отвори и патот до срцето, а штом го отвориме срцето, би ја разбудиле креативноста во нас, па така и најромантичните моменти би ни станале романтични.

Се е тоа игра на умот. Како ние ги гледаме работите. Како ние се рефлектираме себе си во светот кој ние си го креираме онаков каков што сакаме да биде. А токму така и го доживуваме. Умот само го следи она што ќе му го наредиме. Тој не бира, затоа што нашиот импулс е погрешен. Па така, ако постојано сметаме дека сме на погрешно место, време е или да заминеме од тоа место или да го смениме аголот на гледање на се она што ни нуди окото. Перцепцијата на нештата и истовременото филтрирање на работите онакви какви што ние ги готвиме е релевантна за успешноста на денот, времето, животот. Она што ќе сервираме, тоа и ќе биде нашата трпеза. Епа ајде да јадеме како царови.

GOLD
To Top