Новости

Женски муабети

Останете позитивни и покрај се!

Верувајте и сонувајте! Актуелната ситуација бара од нас да останеме дома, да бидеме одговорни и разумни. Но, оставете го стравот, размислувајте оптимистички, посветете се на семејството и уверете се дека се ова ќе помине.

Заедничката верба ќе ја победи ситуацијата која за жал ја преживуваме. Без паника, без лоши мисли. Со сигурен план и желба, верувајте во иднината. Оставете ја познатата:,,Ајде да веруваме во чуда!” Тое нема да биде чудо, ако знаете дека ќе се случи! Затоа гледајте ја чашата полу полна, а не празна.

Средете го вашиот дом онака како што од секогаш сте сонувале, вашиот дневен престој претворете го во омолено катче со малку креативност, гушкајте ги децата, играјте со нив, слушајте музика, гледајте филмови и бидете среќни, затоа што на вашата среќа никој не може да му пркоси, нити истоимениот вирус. Но, само и само ако доволно веруваме!

GOLD
To Top