Новости

Женски муабети

Отстранете ја негативната енергија и заборавете на лошите импулси

Понекогаш и малку како да е од повеќе она константното жалење за нештата кои и не баш се случуваат онака како што сме ги планирале и посакувале. Но, живот е. А околу него и неговите маани, луѓето често знаат да се пожалат, да предимензионираат вистина и дури се способни истите да ги направат лаги.

Негативните и лоши импулси носат само негативен и исто толку лош фидбек. За да не сакаме ова да ни се случи, изгледа е време да си го ставиме прстот на ум и да престанеме да се жалиме на глас за проблемите, новонастанати, штотуку создадени или енормно зголемени и од мравка направени слон. Време е да застанеме да кажуваме на глас колку ни е лошо, колку не  нервира и иритира системот, политика, лудото време во кое живееме. Време е да се заситиме од она што го имаме и да гледаме да не се доуништуваме, ами напротив да знаеме да се заблагодариме после испратената молитва, а не само незадоволно да чекаме да ни се исполнат чуда. Впрочем тие се случуваат само ние не ги гледаме. Секој ден, секое утро, секој мометнт. Чудо е изгревањето на сонцето, чудо е што можеме да го видиме тоа. Чудо е првиот плач на бебето, прото негово воздивнување… Чуда се случуваат постојано! Само треба да ги видиме и да станеме задоволни од самите себе си и нашите очекувања кои притоа треба да научиме како да ги направиме поскромни.

GOLD
To Top