Новости

Женски муабети

Почнете да живеете. Без многу мислење, одбирање и солзи. Зашто нема реприза!

После извесно долго размислување за тоа како всушност стојат и се однесуваат работите во реалниот свет или како тоа светот функционира, би рекле дека е време да заклучите за НЕпостоењето на бајки, романси и романтични филмски моменти како што тоа очигледно холивудските филмови ни го направиле.

Овој текст би алудирал на сите, но најповеќе на оние сингл девојќи кои изгледа дека премногу очекуваат, одбираат, несвесно се оттргануваат од она што за нив на прв поглед не изгледа баш како вистинска среќа. Време е за „шамар“! За свестување од онаа бајка во која си кроите момент за тоа како треба да изгледа вашата филмска врска, за неговото совршено однесување кое апсолутно ќе му одговара на вашето. „Да биде згоден, културен, магичен, романтичен. Да знае да ме утеши, да ми подаде рака, да ми биде рамо за плачење и да знае да ме насмее, да знае се околу домашните обврски, да не биде љубоморен, посесивен или нападен и груб.“

Епа девојќи, не велиме дека не постои совршенство, но совршенството очигледно го сваќате и барате на апсолутно погрешно место. Совршената врка всушност постои, но онака како што вие ќе ја искреирате. Романтиката се доживува, не се размислува и планира. Едноставно – животот се случува, а доколку го оставите сам да си го направи своето, само тогаш ќе го почувствувате вистинското совршенство и со здрав разум ќе знаете каде се насочувате.

Прекинете да барате нешто од оние кои очигледно не ве сакаат, а вие го знаете тоа, но некогаш мудро или изгледа глупаво молчите и слатка ви е лагата. Сакате да се измачувате, да ве убива она што очигледно не е за вас и почнувате да имате апсолутно друга слика за љубовта. Во вашиот свет на бајките таа е секогаш тешка за дофат и боли, а замислете драгички, љубовта е убавата страна на животот. Таа се гради, не се случува само низ страста и телото кое ви го посакува она што нјповеќе ве измачува. Размисете околу тоа и конечно извадете го превезот од очите. Видете ја реалноста и светот кој функционира во неа. Почнете да живеете. Без многу мислење, без многу одбирање и без многу солзи. Зашто нема реприза!

GOLD
To Top