Новости

Женски муабети

Предлог уникатни идеи за подароци за денот на жената!

Деновиве се се врти околу тоа. Се ближи денот кога го прославуваме нејзиното постоење, денот на жената, дамата. 8ми Март. На секаде цвеќиња, расположени лица, насмевки, мирис на зумбули, сонце, пролет. Нежности, прегратки на дечињата со своите мајки, на сопрузите со своите сопруги, на пријателките. Сеуште ли се двоумите што да и подарите? Еве неколку предлози кои ќе ја разбудат вашата креативна страна и ќе ве направат да размислувате малку повеќе, надвор од рамките и клишето.

Книга и се разбира цвеќе!

Бидете уникатни со некоја убава приказна, некој познат бестцелер кој вашата дама одмана копнее да го прочита или пак некоја најнова содржина која е ретка на пазарот, а вашата дама ќе има прилика да ја прочита.

Тука, овозможете и го просторот за читање на истата. Направете и прекрасен ден. Осмислете катче во кое ќе наместите стол, комфорна фотеља или тоа нека биде вашиот кревет покрај кој ќе поставите буќет на зумбули, позадинска релаксирачка музика и неколку часа во кои ќе ја замолите да заборави на сите обврски и да ужива.

Однесете ја на убав викенд!

Дозволете си малку луксуз доколку го можете тоа, а ако не, направете и органзиирајте убава прошетка во природа која ќе биде проследена со вкусно кафе во термос, излет во природа и убаво квалитетно вино кое ќе го уживате на карирано чаршафче над зелена ливада и секако… подарете и буќет цвеќе.

 

Однесете ја во спа центар

Секоја жена сака да биде релаксирана и убава. Дозволете и го тоа задоволство и однесете ја во спа центар. Но, за да биде сето тоа штосно и да го избегнете клишето, од ништо направете нешто, па заврзете и ги очите сомарама и не кажувајте каде ја носите. Очите нека ги отвори штом ќе влезе во салата за масажа и опуштеност, а таму оставете и писмена порака на која ќе и го честитате празникот и на која ќе се искажите колку многу таа ви значи.

Направете и вечера дома

Згответе за неа. Згответе го нејзиниот специјалитет, нејзиното омилено јадење без разлика и вие да не го милувате. Ова е нејзин ден.

За уште понеобично, нека цел ден на радио свири нејзината музика. На „рипид“

Ако сакте да бидете доста луди и откачени, разбудете ја со нејзината омилена песна на цел глас. Нешто по дестина минути пуштете ја песната пак, а по некое време уште еднаш и уште еднаш… Смеете се и на крај од денот подарете и цвеќе и порака со текстот од песната. (Ако има можност искористете го делот кој би се поврзал со вашата љубовна приказна)

Најважно штом подаруваме е да ја знаеме личноста. Да знаеме што подаруваме точно, да знаеме што таа личност сака, кои се нејизините афинитети, на што ќе се израдува. Сака ли изненадувања или можеби тоа е премногу за неа. Сепак, гестот е најважен, но во било кој…подарете и цвеќе. Никогаш нема да погрешите.

 

GOLD
To Top