Новости

Женски муабети

Предноста на сингл девојките

Сите ние имаме слаби страни и време кога тие слаби страни излегуваат на виделина и не ретко знаат да ни го расипат расположението. Ова негативно гледиште на работите, често се случува кај сингл девојките. Но, во што е проблемот и зошто не можите да ги спречите тие познати мисли на осаменост и очајување за фактот дека изгледа ќе останете сингл засекогаш?!

Ништо не е толку страшно како што изгледа. Се е до нашата проекција. Kако ние се гледаме таму некаде во иднина, а особено како се гледаме и доживуваме сега. Факт e дека со лоши мисли влечиме исто толку лоши и не баш пријатни случувања и партнери кои кратко траат.

На прво место е визуелизацијата за нас. Како се замислуваме ние во иднина? Ако навистина се фрустрираме од фактот дека ќе останеме сами покрај сите пријатели парови, ни создава чувство на страв, а стравот проектира неуспех и негативни поени кај универзумот кој враќа со исти импулси.

Второ, никогаш не смееме да си дозволиме да се огледуваме во туѓите животи! Споредбата не е неизбежна и наместо тоа, таа може само да инфилтрира љубомора, завист и огорчено чувтсво на барање и носталгичност кон нешто што воопшто го немаме ни стекнато, а го замислуваме и посакуваме на сосема погрешен начин.

Наместо тоа, восхитувајте се себе си на оваа позиција. Ако еден ден навистина сино сакате да имате партнер и не ви годи ваквиот сингл живот, сонувајте за тоа опуштено. Бидете сигурни дека вие ќе имате партнер, но немојте да копнеете очајно по таа визија. Бидете среќна со она што сте и таму каде сте. Замислете, го имате целото време на светот. Имате време да шетате, да остварувате нови пријателства, да излегувате, да се забавувате и тоа без никој да ве запре. Немате обврска! Запомнете го и тој дел. Партнерството е и мала обвсрак, која не значи дека не е слатка и дека не треба, но во моментот, баш и не мора.

И за крај, потсетете се, дека и да имате партнер..и да сте на тоа место кое го посакувате, сепак нешто… нешто пак ќе ви фали. Затоа што сме жени и сепак…наша си е работа да измислиме проблем. Затоа уживајте, бидејќи апсудно е да се нервирате околу нешто што не постои. Разгледајте ги опциите и вашите предности и конечно почнете да уживате како што најмногу умеете!

GOLD
SN Finansii
To Top