Новости

Женски муабети

Престанете да бидете со луѓе кои постојано ве критикуваат!

Како и да постапите, што и да направите, вие постојано грешите според нив!

Ако некој ви суди за вашиот живот, тоа сте само вие. А на крај краишта и вие не треба до толку да се осудувате и критикувате. Можеби е време да се засакате себе си и за што и да е, да си простите.

Стојте зад вашите постапки и променете ја репликата од,,Не знам дали правилно поставив. Што мислиш ти?” во :,,Јас постапив така и сметам дека тоа е правилно! “

Штом сте сигурни за своите постапки, не се плашите од светот и полека почнувате многу полесно да одлучувате и да носите одлуки. Сепак тој е вашиот универзум и вашата пријателка го гледа низ призмата на нејзините очи. Замислете дека за миг го позајмувате она што го имате и некој друг раководи со вашите случувања и проблеми.

Не велиме дека не треба да ги слушате советите, но пред да ги употребите практично, подобро е да размислите дали вие би постапиле така или некој друг?!

GOLD
To Top