Новости

Женски муабети

Престанете да се жалите дека ви е досадно дома!

Сега е ваше време!

Да, токму сега е вашето време. Токму сега се оние ваши пет минути на пауза. Искористете ги и направете баланс.

Што е она што од секогаш сте го сакале, а не сте можеле да го правите? Ова би се однесувало на некое хоби кое одамна сте сакале да го остварите, но брзите обврски, брзиот живот и рапидното секојдневие, никогаш не ви го дозволуваа тој ,,луксуз”. Епа сега го имате! Престанете да ,,кукате”, да се жалите дека ви е досадно, дека едвај чекате да излезете од дома.

Замислете. Ова е вашиот живот и е еден. Одлучете дали ќе го живеете во постојан страв, паника и жалење или ќе се соочите со оние малку ресурси кои ги имате и ќе го одберете едностсвно убавото.

И дома има и тоа како што да се прави. Читајте книга, сурфајте и откријте го тоа ,,илјада затоа” на светот. Вежбајте во домашни услови, а со помош на социјалните мрежи, барем денес е тоа возможно. Гледајте филмови, гответе, креирајте, декоријате го вашиот дом, носете само позитивни мисли, заспивајте со молитва и благодарност и пратете убава порака во универзумот која утрото ќе ви се рефлектира со истата убавина и позитивно расположение. Ако сите ја праќаме таа порака, набрзо ќе излеземе од кризата!

Не бидете досадни со тоа дека ви е досадно. Наместо тоа, навикнете се и соочете се, а потоа научете да го живеете животот. Во каква и да е форма, на какво било место. Еден е! Запомнете! А останатото…Ма што и да е, ќе помине! Време е за пауза!

GOLD
To Top