Новости

Женски муабети

Прочитајте им го ова на мажите и шепнете им оти не сме само денес жени кои треба да ги љубат!

Таа е домаќинка. Таа е дама. Таа ти е љубовница, пријателка и друшка! Таа е глава, таа е столб. Таа е другар, соседка, колешка, мајка, ќерка, внука, тетка…

Таа е љубов и нервоза и страст и емоција. Таа е комплет. Се во едно. И најубавиот и најлошиот кошмар. Цел пакет. Многу во едно. Но, на крај, сепак, Таа е љубов, нежност и добрина.

Таа те сака, таа ги сака твоите деца, таа ќе ви го поклони своето небо, светот, и сонот и здравјето и духот само за вас! Таа знае да премолчи, иако понекогаш не изгледа така. Пссст! Да знаеш!

Таа се плаши штом доцниш… Таа се грижи за твојот умор од работа, за твојот апетит, твојот желудник и твојот изглед. Чита куп рецепти и тајно чачка за медицински совети на нет штом сте болни! Таа ќе ги руши сите порти, ќе се избори со сите лавови и ќе го најде лекот. Таа е љубов!

Таа се тутка кај тебе в постела и секоја ноќ колку и да сте лути, Таа очекува прегратка оти даа… Таа е љубов. Таа е цвет. На цветот му треба вода, неа сакање.

Таа е лута штом ти си лут, среќна е штом ти си среќен, плачи за твоите солзи, а се топи на твојата насмевка! Таа е горда со вас… на вас… Таа е љубов! До небото и на враќање!

Таа знае да се снајде во секоја работа и ќе премижи преку нејзините соништа само за вас! Таа е цвет!

Дааа…Таа е љубов уште еднаш и уште еднаш, па макар и да ти здосади!

Таа знае да ти го приготви најубавиот ручек оти Таа знае од каде доаѓа љубовта.

Таа е жртва и таа е храбра!

Таа е силна и моќна.

Таа е страсна, убава и нежна!

Таа е љубов!

Дааа! Таа е жена!

GOLD
To Top