Новости

Женски муабети

Се руши ли пријателството ако сте оддалечени едни од други?

Во негување на вистинското пријателство не е потребна секојдневна комуникација. Во потребата да се гледате со некого има зависнички образец на однесување, а тоа  секако не е добар мотив за пријателство. Постојат добри пријатели со кои можеби не се гледате или слушате често, но оној момент кога ќе стапите во контакт со нив имате чувство како да сте се виделе пред неколку минути.

Квалитетот на вашата блискост и емоциите меѓу вас не се промениле. Меѓу вистинските пријатели постои топлина, верност, доверба и чувство на постојаност.

Пријателите се најскапоценото богатство за секој човек. Со умерено дружење правите корисно за себе и за другата страна.

GOLD
SN Finansii
To Top