Новости

Женски муабети

Синдром на брзото живеење – осаменост! Што ако премине во навика?

Дали една личност ќе страда од чувство на осаменост, зависи од нејзината структура и ментален склоп. Од осаменост  повеќе страдаат интровертните, отколку екстровертните личности.

Постојат  интровертни личности кои повеќе сакаат да  го минуваат времето во мирна, семејна атмосфера. Тие  имаат ограничен број на пријатели, но тоа ним не им смета.  Тие убаво се чувствуваат и сосема добро функционираат. За таквите луѓе не можеме да кажеме дека се осамени.

Од друга страна , постојат екстровертни личности кои се постојано во движење, гладни за комуникација и авантура. И тие добро функционираат.

На сите нам ни е потребна рамнотежа. Секој човек одвреме-навреме сака да се изолира и да биде сам со себе. И тоа е сосема природно со довоспоставувањето рамнотежа. Но, доколку изолацијата трае подолго време и ако човекот се чувствува осамен и кога е опкружен со повеќе луѓе, тогаш тоа е загрижувачко и преминува во хронично.

Добро подадена рака на емпатија, рацио и срце, човекот го враќа човекот во  нормала и избалансирано живеење со чувство на задоволство.

GOLD
To Top