Новости

Женски муабети

Треба ли да ги применуваме сите совети по секоја цена?

Не ретко сме се нашле во незгодни ситуации каде навистина ни треба помош и совет од пријателите и блиските луѓе. Но, дали секогаш и по секоја цена треба да ги слушаме и применуваме нивните совети?! Не. Апсолутно не. Секој човек од самото постоење и битусивање на оваа планета, различно го перцепира овој живот. Едноставно секој си има различен код и белег на својот карактер кој се создал како таков благодарение на искуството од конкретните случувања кои пак од своја страна се последица на случучувањата и самите реагирања во дадените ситуации.

Но, никој не реагираме исто. Едно е да ги примиме советите и само сослушаме, но запомнете добро и нека ни стане јасно дека животот е избор и наше е дали ќе прифатиме. Можеби баш најнезлонамерниот совет ќе биде испратен токму на погрешната адреса (кај нас) и ќе не натера нештата да ги носиме во спротивен правец што би значело ќе не натера да ги игнорираме позитивните солуции кои ќе резултираат со уште попозитивни исходи, па наместо тоа ќе се нурнеме во апсолутно спротивниот негативен правец и ќе расипиме се.

Кој треба најповеќе да слушаме? Никогаш, ама баш никогаш не заборавајте да се слушате сами. Слушнете ги и добро анализирајте ги другите совети, но не дозволувајте истите да влијаат врз вашиот став и тие на несакање потсвесно да го изменат. Па потоа ќе пројде време и ќе се чудите како сте смееле да си дзволите да постапите така, ќе си речете дека тоа не сте биле вие, туку баш како некој друг да зборувал низ вас. Тоа е затоа што не сте се слушале себе си, ами сте дозволиле другите да влијаат над вашите ставови.

Нема „не знам“ и „не можам“! Замислете си дека тие зборови не постојат, па и понекогаш колку и да ви е тешко мора да ја решите ситуацијата и токму вие да стоите зад вашите постапки. Па макар и одново да се родите, да знаете дека вие сте тие кои така би постапиле, а не некој друг.

GOLD
To Top