Новости

Женски муабети

Треба ли да се кажува секогаш вистината?

Кики и Рита го напуштија ресторанот, а на патот за дома, Рики уште зборуваше за него. Се однесуваше како да се знае за мажите и ништо на светот не може да и го докаже спротивното. Кажуваше како сега ќе биде ладна со него, нема да одговара на неговите повици, ќе го избегнува, за на крај таа приказна да би финиширала со конечна негова преголема наклонетост и грижливост.

Понекогаш очекуваме премногу.

Ове е обична приказна. Кики е девојка како нас, а Рики е нејзината пријателка. Инаетчивка, зборлеста, темпераментна и жива, но штом станува збор за мажите секогаш погрешно поставена. Рики продолжи да зборува дека него ќе му фалат ноќите поминати заедно со неа, излегувањата и флерот кој само таа знаела да го понуди. Во суштина таа знаеше колку се лажи, но се надеваше.

Секој маж може да издржи колку што сака и да најде нешто друго. 

Кики не ја поднесуваше нејзината длабока тага, но како и секој пријателка мораше да лажи. Етичка лага нели. Не смееше да си дозволи да биде повредена повеќе од што е со него. Сега. Денес. А еден внатрешен глас сакаше да викне: „Остави го! Не е вљубен во тебе! Тој воопшто не планира ни врска! Најди некој друг! Дај да не зборуваме за него…“ Но, Кики ништо не кажа, а тој се ожени по само неколку дена. Нејзината пријателка од тогаш ја изгуби надежта, не веруваше во никакви чуда и свати дека срцето треба да се направи од камен.

Но, требаше ли Кики да зборува? Вреди ли да се каже вистината онаква каква што е? Колку и да боли, колку и да не ветува. Понекогаш е убаво да се погледнеме во огледало и да играме очи во очи, а не да се лажеме…Зашто подоцна…повеќе боли!

 

Евротип
Евротип
To Top