Новости

Женски муабети

Итно!  Исфрлете го од главата – тој е само ваша иделизација за тоа како треба да биде, а не е!

Мислите на некој, било тоа да е вашиот бивш партнер или некој за кој подолго време фантазирате?  На прашањето  зошто не го исфрлите од главата, одговорот е во  идеализирањето на таа личност и за тоа сте заслужни само  и единствено вие. Идеално не постои. И се што ќе направите во негово отсуство ви изгледа залудно потрошено време  и континуирано го барате  „него“ . Вие себеси се казнувате, си го расипувате денот.

Забранете си да мислите. Ова е едноставно да се рече, но возможно е да  се практикува со упорност и промена на фокусот на внимание и „работење врз себе“.

Помалку мисли, повеќе акција. Дејствијата во денот нека бидат ваша преокупираност и  колку е возможно повеќе од пријатен карактер. Ослободете се од токсините на сопствените бескорисни и бесконечни мисли.

Во максимата на поуката е нотирано-„нема  оздравување од  утеха и облог на рамото кое е забодено од стрела. Мора да се извади, макар и да боли.“

GOLD
To Top