Новости

Женски муабети

Што да направиме за да останеме забележани?

Вие сте од оние типови кои сакаат секогаш да бидат забележани, неодоливи и меѓу милион луѓе избрани и лоцирани.

Но, некако тешко ви оди сето тоа да го остварите, па ова е само една луда фантазија која до сега мислевте дека нема да се исполни. Погодете што? Не е лудо да го посакувате тоа да сте ,,нумеро уно” каде и да одите. Тоа раскажува за вашата амбиција. И не е фантазија, но останува таква само доколку не ја посакувате силно. Чудата се случуваат, но сепак треба да се знаат магичните зборови, или поточно стратегијата секогаш треба да ви е при ракав. Како за сите ситуации во вашиот живот, така и за оваа желба.

Најпрво. Имајте самодоверба.

Второ, не е лесно да имаш самодоверба иако лесно звучи.

Но, затоа трето би требало да размислете и да се запрашате како да ја реализирате.

Веќе кога го откривте проблемот, четвртото правило заклучува дека педесет посто проблемот е решен.

Во петтиот чекор ве советуваме да се погледнете во огледало и да размислите кои промени треба да ги направите за секогаш кога ќе погледнете во вашиот одраз, да бидете среќни.

Штом веќе сте стигнале до ова шестото, вие веќе сте направиле промени. Сега продолжете да се сакате себе си, хранете се здраво, сакајте го физичкиот ваш изглед, а и смејте се почесто. Секој човек е попривлечен кога е насмеан.

Седмо, облечете го она што би изнудило комплименти. Свесно.

Осмо. Сега знаете како да изнудите комплимент и веќе имате поголема самодоверба.

Чекорете бавно. Секогаш во високи потпетици. Имајте ги на ум Мерлин Монро и Моника Белучи во Малена. Не е лошо да ја остварите најдобрата емитација и секогаш да се однесувате како неколку мажи да го следат вашиот чекор зад вас.

Одете исправено, гордо и носете смели комбинации во силни бои.

И за крај, или најпрво, вие забележете дека постоите, потоа очекувајте го истото од другите.

GOLD
To Top