Новости

Женски муабети

Секоја од вас може да биде Моника Белучи!

Само сетете се на познатата Моника Белучи во неодоливото филмско остварување „Малена“. Нејзиниот став, грациозност, самодоверба. Потсетете се на Мерлин Монро и нејзината насмевка и за миг да ја заборавиме онаа фотошоп реакција на секојдневните ретуширани фотки.

Денес кога пред да излезете од дома ќе се погледнете во вашето огледало, сетете се на токму таа ваша грациозност што ја поседувате и однесувајте се како милион новинари едвај чекаат да излезете пред вашиот дом.

 

Жени сме и што!

Од време на време ни треба мало поттикнување и вреднување на она што го имаме, па дури и замислување и фантазирање за она што го немаме.

Жени сме па што!

Ако сакаме можеме да бидеме Моника Белучи и сите погледи да бидат завртени токму кон нас. Само побарајте од вас сами и од никој друг, а верувајте дека ќе добиете. Нам не ни треба дозвола да за да бидеме принцези од никој, едноставно само треба малку да се опуштиме и да заборавиме на секојдневните проблеми, па со горекрената глава да бидеме такви. Всушност онакви какви што и сме. Затоа што никој нема да го види истиот фустан кој сте го носеле баш вчера, ами ќе ја видат болката или среќата на нашето лице. Наведнатата или кренатата глава. Намуртениот поглед или насмевкта преку која зрачите. Вие одбирате. Нека биде денес тој ден.

GOLD
To Top