Новости

Женски муабети

Што навистина сакаат мажите во врската или бракот?

Време е за неколку правила за сите памтни девојки. Време е да ја прифатиме реалноста онаква како што е и да разбереме дека мажите и жените не се исти. Животот не е бајка и не е секој ден свадбена весела фотографија. Среќата се случува моментално, а чувството на т.н. екстаза не трае секогаш и во секое време. Време е да научиме дека постојат и лоши моменти во животот. Не е секогаш се розово и не секогаш течи мед и млеко штом стнува збор за бракот и воопштено секојдневието во истиот.

Време е драги девојки, да разбереме едно основно правило. Мажите не сакаат притисок. Тие го ценат нивното слободно време и не сакаат тоа да им биде скратено. Доколку им е скратено, тие уште повеќе се тргаат од врската и се повеќе сакаат да функционираат сами, а во ваше друштво би се чувтсвувале несреќни.

Мажите не сакаат наредби и задачи. И како што кажавме, постојат милион начини како да го отпоздравиме некој. Исто така би постоеле и милион начини како таа наредба да се искажи, а да не делува како таква. Тактика? Токму така. Сега можеби доаѓа моментот, каде секоја од вас се бори со инаатот во себе си и вели: „Ах, како да не! Јас тоа не го можам! Цел живот тактики.“ Можете и умеете. Да, токму така. Цел живот тактики. Тактики и игри. Никогаш, ама баш никогаш не смеете да се уморите од таа игра. Секогаш наоѓајте начин како да се обратите најубаво и се разбира заводливо. До крај нека бидат конците во вас. И немојте да го сваќате тоа, како дека само вие се трудите и каде е тој во случајот. Запомнете. Зачините во вашиот т.н. брачен „оброк“ ги одбирате вие. А колку ќе биде вкусен вашиот рецепт, од вас зависи.

Мажите не размислуваат исто како и жените. И вашата „романтична“ игра, може да им биде глупава и смешна. Дознајте како таа да стане сериозна, спонтна и ненаметната.

GOLD
To Top